Прирачник за Регистрациони агенти
Чекор по чекор прикажани најчестите постапки пред Централниот регистар, со реални прикази од системот на ЦРМ, готови Word теркови за одлуки, изјави, договори и останати документи потребни за успешно основање на трговско друштво и регистрација на промени.
За регистрациони агенти · адвокати · сметководители
Чекор 3 — Пополнување на пријавата
- Изјава за прифаќање управител.docx
- Одлука за именување.docx
- Договор за пренос на удел.docx
- Основачки акт (ДООЕЛ).docx
- Полномошно.docx
- 01Основање ДОО / ДООЕЛ12
- 02Промена управител36
- 03Седиште и назив60
- 04Пренос на удел84
- 05Подружници108
Сe што ви е потребно за работа со Централниот регистар.
Практичен прирачник кој ги обединува најчестите постапки, потребната документација и готовите Word теркови — организирани по постапки, за побрза и посигурна работа.
Основање на трговско друштво
- Основање на ДОО
- Основање на ДООЕЛ
- Потребни документи по вид на субјект
- Чекор-по-чекор постапка со реални прикази од системот
- Готови Word теркови
Регистрација на промени
- Промена на управител
- Промена на седиште
- Промена на назив
- Пренос на удел
- Промена на основна главнина
- Подружници
- Контакт информации
- Работно време
- Ликвидација
Прирачникот е изработен врз основа на реално искуство во постапките пред Централниот регистар. Наместо теоретски објаснувања, содржи практични насоки, реални прикази од системот и готови документи кои се користат во секојдневната работа.
Што добивате
Прирачникот е структуриран како практична работна алатка — со јасно објаснети постапки, реални прикази од системот и готови документи подготвени за директна употреба.
- 1.Го прифаќам именувањето за Управител на …
- 2.Ќе ја вршам функцијата совесно и во согласност со закон.
- 3.Овластувањето за застапување го прифаќам поединечно.
Клучни придобивки
Помалку време потрошено на пребарување
Сите најчести постапки, документи и насоки се систематизирани на едно место.
Помал ризик од грешки
Следете јасно објаснети чекори и користете проверени теркови за најчестите ситуации во пракса.
Побрза подготовка на предметите
Наместо секој документ да го изработувате од почеток, користете готови Word образци кои може да ги прилагодите.
Изберете го пакетот што одговара на вашата работа.
Пакет 1
Документи за основање (Word теркови).
- Комплет Word теркови за основање
- Одлуки, изјави и полномоштва
- Oбрасци
- Подготвени за директна употреба
Пакет 2
Прирачник за основање на ДОО и ДООЕЛ + потребна документација.
- Прирачник за основање на ДОО и ДООЕЛ
- Чекор-по-чекор со скриншотови
- Потребна документација вклучена
- Полиња „Честа грешка“ и „Совет“
Пакет 3
Документи за основање и регистрација на промени.
- Word теркови за основање
- Теркови за регистрација на промени
- Полномоштва, одлуки и изјави
- Oбрасци
Пакет 4
Прирачник за основање и регистрација на промени + комплетна документација.
- Целосен прирачник (Дел I + Дел II)
- Комплетна документација и теркови
- Најдобра вредност — заштеда од ~27%
Сите пакети се дигитални (PDF/Word), се доставуваат во рок од 24 часа по плаќањето. Бесплатните ажурирања се вклучени во рамки на купениот пакет.
Често поставувани прашања

Петар Кузмановски
Адвокат · магистер по деловно право
Петар Кузмановски е адвокат и магистер по деловно право со практично искуство во основање на трговски друштва, регистрација на промени и постапки пред Централниот регистар. Прирачникот е создаден како резултат на секојдневната работа со правни и деловни субјекти, со цел да понуди практична и применлива алатка за професионалците.
Погледни LinkedIn профилУслови на користење.
Со купувањето на прирачникот и придружните Word теркови потврдувате дека сте запознаени и се согласувате со следните услови.
Лиценца за користење
Со купувањето стекнувате право на користење на прирачникот и придружните документи за сопствени професионални потреби. Дозволено е нивно користење, печатење и прилагодување во рамките на вашата работа.
Забрана за дистрибуција
Не е дозволено копирање, јавно споделување, препродажба, изнајмување, објавување или друга форма на дистрибуција на прирачникот или придружните Word теркови, целосно или делумно, без претходна писмена согласност од авторот.
Авторски права
Прирачникот, реалните прикази од системот, текстовите, образците, Word терковите и останатата содржина се заштитени согласно прописите за авторско право. Секое неовластено користење, умножување или преработка претставува повреда на авторските права.
Одговорност
Прирачникот претставува практично упатство за постапките пред Централниот регистар и има информативен карактер. Тој не претставува правен совет за конкретен случај, ниту може да ја замени индивидуалната правна анализа.
Испорака
По евидентирање на уплатата, прирачникот и придружните документи ќе бидат доставени на е-поштата наведена при нарачката, најдоцна во рок од 24 часа.
Поврат на средства
Поради природата на дигиталниот производ, по доставувањето на прирачникот и придружните документи не е возможен поврат на средствата.
Законски измени
Прирачникот е изработен согласно законските прописи и практиката што важат во моментот на неговото објавување. Авторот не одговара за последователни законски измени, измени во постапките или промени во електронскиот систем на Централниот регистар кои можат да влијаат врз содржината на прирачникот.
За прашања поврзани со лиценцата или комерцијална употреба (обука, тимски пристап, интерна дистрибуција во канцеларија), обратете се на kontakt@priracnik-crm.mk.